Следна трка: СКОПЈЕ Круг ( 20 круга ) за
НОВ ВОЗАЧ?
-

БОДОВНА СОСТОЈБА
ВОЗАЧИ
- Класа 1 / до 1150cc

1
Влатко Наковски
30
2
Дарко Јачев
14
3
Филип Василевски
13
4
Александар Георгиевс.
11
5
Георгиј Наков
10
6
Никола Попевски
9
7
Филип Џуклески
7
8
Југослав Милошевски
5
9
Горан Андреевски
4
10
Коста Николовски
1
11
Димитриј Кимоски
0
11
Никола Блажевски
0
11
Методи Крстев
0

БОДОВНА СОСТОЈБА
ВОЗАЧИ
- Класа 2 / до 1400cc

1
Марио Велковски
15
2
Владимир Стојковски
8
3
Бојан Пешовски
0

БОДОВНА СОСТОЈБА
ВОЗАЧИ
- Класа 3 / до 1600cc

1
Орхан Амет
11
2
Бојан Петрушевски
10
3
Благоја Димитровски
8
4
Роберт Доневски
4

БОДОВНА СОСТОЈБА
ВОЗАЧИ
- Класа 4 / до 2000cc

1
Деан Георгиевски
18
2
Влатко Симоновски
10
2
Даниел Младеновски
10

 


БОДОВНА СОСТОЈБА
КЛУБОВИ

1
АКК Автоклиника Спорт
56/28
2
АКК Никола Карев
54/24
3
АКК Примо
18/8
4
АКК Скопје
0

 




 

ВЕСТИ

СЕ ВРАЌА СЈАЈОТ НА
АВТО СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Изминатиов викенд на автодромот во Кичево по сончево време се одржа вториот и третиот натпревар од меѓуклубскиот шампионат во автомобилизам на кружни патеки во организација на АКК Примо АВЈ од Скопје. По одржаните верификација на документите и технички преглед, возачите возеа неофицијален тренинг, по што следуваа квалификациите и првата трка. Возилата беа поделени во две дивизии, каде во првата дивизија се натпреваруваа возачите од класа 1 до 1150 кубни сантиметри, а во втората дивизија беа сместени возачите од класата 2 до 1400 цц, класата 3 до 1600 кубни сантиметри Хоби и класата 4 до 2000 кубни сантиметри Хоби.

Покрај тоа што гледавме интересни трки, беше навистина убаво да се види повторно толку многу возила, натпреварувачи и тимови во боксот на патеката во Кичево и со сигурност можеме да тврдиме дека во Македонија има вистински вљубеници во автомобилизмот кои што ќе продолжат да работат за неговиот развој и подигањето на авто спортот во земјава на повисоко ниво. Важно е дека возачите се собраа заедно на иста патека, а останатото сигурно дека ќе се среди, затоа што не можете да имате авто спорт и авто трки ако немате возачи. Сепак натпреварувачите се срцето на спортот.

Уште саботните квалификации најавија дека ќе гледаме интересни трки. Во класата 1, Влатко Наковски од АКК ПСС ја освои пол-позицијата, пред клубските колеги од АКК Примо АВЈ, Димитриј Кимовски и Александар Георгиевски. Веднаш зад нив се пласираа возачите на Никола Карев Дарко Јачев и Филип Василевски, а возачот од Скопје, Дејан Саздов на шестата позиција се најде “во сендвич” меѓу возачите на Никола Карев, двајца пред него, двајца зад него. Филип Џуклески и Георгиј Наков се пласираа на 7то и 8то место, пред дебитантот на кружни патеки, Коста Николовски од Скопје. Никола Попевски, возачот на АКК Никола Карев, по проблемите кои ги имаше со своето возило на крајот се пласираше на 10то место.

Резултати:
Квалификации 22.09.2012
Класа 1 до 1150 кубни сантиметри

  1. Влатко Наковски / АКК ПСС --------------------------- 1:15,360
  2. Димитриј Кимовски / АКК Примо АВЈ ------------ 1:15,563
  3. Александар Георгиевски / АКК Примо АВЈ --- 1:15,922
  4. Дарко Јачев / АКК Никола Карев ------------------- 1:16,143
  5. Филип Василевски / АКК Никола Карев -------- 1:16,449
  6. Дејан Саздовски / АКК Скопје ------------------------ 1:17.624
  7. Филип Џуклески / АКК Никола Карев ------------- 1:18,011
  8. Георгиј Наков / АКК Никола Карев ----------------- 1:18,342
  9. Коста Николовски / АКК Скопје ---------------------- 1:21,150
  10. Никола Попевски / АКК Никола Карев ------------ 1:23,063

Во втората дивизија убедливо на пол-позицијата се пласираше Влатко Симоновски од Примо АВЈ, класа 4, кој беше единствениот натпреварувач кој возеше под 1.10 и го постави најбрзото време на квалификациите 1.09,760. Втората позиција на стартната решетка ја освои повратникот Роберт Доневски од АКК Автоклиника спорт од класа 3, кој повеќе години го немаме видено на тркачките патеки, а веднаш зад нив се пласираа возачите на АКК Никола Карев од класата 2, Марио Велковски и Владимир Стојковски. На 5та и 6та позиција се најдоа возачите на АКК Автоклиника од класата 4, Деан Георгиевски и Даниел Младеновски. Во класата 4 настапи и возачот на АКК Примо, Владимир Димушевски, кој поради проблемите со своето возило не беше во можност да го продолжи натпреварувачкиот викенд. На последното место на стартната решетка се пласираше возачот на АКК Автоклиника, Орхан Амет, кој исто така имаше проблеми со возилото, но успеа да го отстрани дефектот и да се појави на трките.

Резултати:
Квалификации 22.09.2012
Класа 2, 3 и 4

Класа 2 до 1400 кубни сантиметри

  1. Марио Велковски АКК Никола Карев ----------------- 1:15,821
  2. Владимир Стојковски АКК Никола Карев ---------- 1:17,476

Класа 3 до 1600 кубни сантиметри

  1. Роберт Доневски АКК Автоклиника Спорт -------- 1:12,780
  2. Орхан Амет АКК Автоклиника Спорт ------------------ N/A

Класа 4 до 2000 кубни сантиметри

  1. Влатко Симоновски АКК Примо АВЈ ---------------- 1:09,760
  2. Деан Георгиевски АКК Автоклиника Спорт ------ 1:18,818
  3. Даниел Младеновски АКК Автоклиника Спорт - 1:20,401

Првата трка според очекувањата беше навистина интересна. Додека освојувачот на пол-позицијата Наковски, градеше сигурна предност, во позадина Георгиевски, Кимовски, Јачев и Василевски водеа жестока борба за што подобра позиција, со повеќе претекнувања меѓусебно. Меѓутоа на половината од трката Кимовски се соочи со технички проблеми на своето возило, по што мораше да се откаже, па на подиумот се најдоа Георгиевски и Јачев, а Василевски мораше да се задоволи со 4та позиција. На 5та позиција речиси до самиот крај на трката се наоѓаше Попевски кој успеа да ги претекне возачите пред себе, но на неколку метри пред целта возилото имаше проблеми со дотокот на гориво, па својата позиција мораше да му ја препушти на Саздовски. Покрај Кимовски, откажување, но со пласман, имаше и Наков кој мораше да се откаже поради скината десна гума.

Првата трка во втората дивизија помина во доминација на Симоновски, кој успеа да направи солидна предност пред останатите натпреварувачи. Голема штета беше за Доневски кој демонстрираше одлично возење, но на 3 круга пред крајот мораше да се откаже поради проблемите со уљната пумпа.
Во конкуренцијата на клубовите на Кичево 1 најуспешен беше АКК Автоклиника спорт со 19 бода, пред АКК Примо АВЈ со 18 и АКК Никола Карев со 16 бода.

Трка Кичево 1-2012, 22.09.2012
Класа 1 до 1150 кубни сантиметри

  1. Влатко Наковски АКК ПСС
  2. Александар Георгиевски АКК Примо АВЈ
  3. Дарко Јачев АКК Никола Карев
  4. Филип Василевски АКК Никола Карев
  5. Дејан Саздовски АКК Скопје
  6. Никола Попевски АКК Никола Карев
  7. Филип Џуклески АКК Никола Карев
  8. Коста Николовски АКК Скопје – 1 круг
  9. Георгиј Наков АКК Никола Карев – 3 круга

Откажување
Димитриј Кимовски АКК Примо – 6  круга

Класа 2 до 1400 кубни сантиметри

  1. Марио Велковски АКК Никола Карев
  2. Владимир Стојковски АКК Никола Карев

 

Класа 3 до 1600 кубни сантиметри

  1. Орхан Амет АКК Автоклиника Спорт

Откажување
Роберт Доневски АКК Автоклиника Спорт

 

Класа 4 до 2000 кубни сантиметри

  1. Влатко Симоновски АКК Примо АВЈ
  2. Деан Георгиевски АКК Автоклиника Спорт
  3. Даниел Младеновски АКК Автоклиника Спорт

Пласман Кичево 1 - 2012 АК/АКК

  1. АКК Автоклиника спорт 19 бода
  2. АКК Примо АВЈ 18 спорт
  3. АКК Никола Карев 16 бода

 

Ако на првата трка во класата 1 гледавме борба за пониските места на подиумот, во неделата гледавме возбудлива борба за победата, а како главни учесници победникот и второпласираниот од првата трка, Наковски и Георгиевски. Повеќекратното менување на водството заврши со инцидент во последниот круг во кој полошо помина Георгиевски кој остана надвор од патеката, а Наковски благодарение на големата предност која ја стекна во текот на трката успеа да ја задржи првата позиција и да триумфира на трката, пред клубските колеги од АКК Никола Карев, Дарко Јачев, Никола Попевски, Филип Џуклески и Георгиј Наков. Покрај Георгиевски од трката мораа да се откажат и Николовски и Филип Василевски кој имаше излетување уште на почетокот на трката.

Трката во втората дивизија започна со борбата за првата позиција во дивизијата помеѓу Деан Георгиевски и Орхан Амет, по која Амет се соочи со големи проблеми и беа видливи огнени јазици од неговото возило. Благодарение на брзата интервенција на против пожарните служби на патеката, оганот беше навремено изгаснат, а Амет мораше да се откаже од трката. На крајот триумфираше Георгиевски од класата 4, пред Младеновски, а во класата 2 до 1400 цц, Марио Велковски, пред својот клубски колега Владимир Стојковски.

Кај клубовите овој пат победата ја освои АКК Никола Карев со 19 бода пред АКК Автоклиника со 9 бода.

Трка Кичево 2 - 2012, 23.09.2012
Класа 1 до 1150 кубни сантиметри

  1. Влатко Наковски АКК ПСС
  2. Дарко Јачев АКК Никола Карев
  3. Никола Попевски АКК Никола Карев
  4. Филип Џуклески АКК Никола Карев
  5. Георгиј Наков АКК Никола Карев – 1 круг
  6. Александар Георгиевски АКК Примо АВЈ – 1 круг

Откажување
Коста Николовски АКК Скопје – 4 круга
Филип Василевски АКК Никола Карев – 14 круга

 

Класа 2 до 1400 кубни сантиметри

  1. Марио Велковски АКК Никола Карев
  2. Владимир Стојковски АКК Никола Карев

Класа 3 до 1600 кубни сантиметри

Откажување
Орхан Амет АКК Автоклиника Спорт

 

Класа 4 до 2000 кубни сантиметри

  1. Деан Георгиевски АКК Автоклиника Спорт
  2. Даниел Младеновски АКК Автоклиника Спорт

Пласман Кичево 2 - 2012 АК/АКК

  1. АКК Никола Карев 19 бода
  2. АКК Автоклиника спорт 9 бода

 

Овој извештај од трката во Кичево ќе го завршиме полни со ентузијазам дека авто спортот во Македонија ќе почне да се движи по правите патеки и дека надлежните институции ќе им овозможат на спортистите и клубовите да го прават она што го сакаат без проблеми и опструкции од одредени личности, кои го доведоа спортот на дното. Авто спортот во Македонија постоел и ќе продолжи да постои.


Следниот натпревар на кружни патеки ќе се одржи во Скопје на 27 и 28 октомври за кој организаторот АКК Примо АВЈ најавува вистински спектал, а сезоната ќе заврши на 10 и 11 ноември со кружната трка во Радовиш.

П.С. Голема Благодарност до сите фанови кои отидоа во кичево и направија одлични фотографии и видео снимки. Посебна благодарност до Andrej Floyd Ilijoski и Дарио Бурагев.


НОВ ВОЗАЧ ?
Секој што има желба да вози за нашиот клуб,
може да се информира на следниов линк...

Што ми треба за да се натпреварувам?

1. Возачка дозвола
2. Лекарско одобрување
3. Пристапница за клубот
4. Тркачки автомобил
5. Тркачка опрема
6. Добро познавање на правилата

ЗА ПОМОШ И КОНТАКТ, КЛИК ОВДЕ


СПОНЗОРИ














ЛИНКОВИ




КОНТАКТ

Avto Karting Klub NIKOLA KAREV
bul. Jane Sandanski 11-4-9 s.2,
1000 Skopje, Macedonia
Tel. 071/ 30 60 30

Следете не!
Гледајте не!
Напишете ни!

contact@akknk.org.mk
akknikolakarev@gmail.com

(c) 2007-2012 AKK Никола Карев
Design by MJanosh